• МЕПСО даде поддршка за 57 Мавровски меморијал – куп по нордиско скијање
  • МЕПСО даде поддршка за 57 Мавровски меморијал – куп по нордиско скијање
  • МЕПСО даде поддршка за 57 Мавровски меморијал – куп по нордиско скијање
  • МЕПСО даде поддршка за 57 Мавровски меморијал – куп по нордиско скијање

МЕПСО даде поддршка за 57 Мавровски меморијал – куп по нордиско скијање

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

А.Д. МЕПСО во рамки на своите активности од доменот на општествена одговорна компанија го поддржа годинешново 57 –мо издание на „Мавровскиот меморијал“ интернационален куп натпревар во скијачко трчање (нордиско скијање) кој традиционално се одржува во скијачкиот центар „Маврово“.

По тој повод годинава м-р Ева Шуклева, генерална директорка и претседателка на Управниот одбор и г-дин Љупчо Зиков, директор за финансиски работи и член на Управниот одбор на покана на организаторот присуствуваат на чинот на свечено отварање на натпреварот и на положувањето на цвеќе на споменикот на загинатите градители на хидросистемот „Маврово“ во чија чест и се одржува ова натпреварување.

На свеченото отварање пред повеќе од 80 натпреварувачи од 12 земји се обратија претставници на организацискиот одбор, на Министерството за одбрана (како главен покровител на настанот) и претставници на поддржувачите : А.Д. ЕСМ, А.Д. МЕПСО, градоначалникот на општина Маврово-Ростуше и на Агенцијата за млади и спорт.

Во своето обраќање пред присутните м-р Шуклева истакна дека „Мавровскиот меморијал“ е македонски бренд кој волонтерите, ентузијастите, вљубениците во нордиското трчање, го создале, го пренесувале како аманет, го негувале и одржувале низ децениите, за сега ние да можеме да се пофалиме дека токму во нашата земја се одржува најстариот куп во скијачко трчање на Балканскиот полуостров кој е дел од меѓународните ФИС трки во нордиско трчање.

- „Мавровскиот меморијал“ е поврзан со и произлегува од изградбата на мавровскиот хидросистем, дел од нашиот електроенергетски систем. За АД МЕПСО мавровскиот хидросистем е особено драгоцен затоа што овозможува системски услуги за балансирање, обезбедува напонска поддршка и ни овозможува стабилно и доверливо управување со електропреносниот систем. Заради тоа покрај другото, со особено задоволство го помагаме „Мавровскиот меморијал“.Помагаме, како што тоа сме го направиле во минатото, а ќе го правиме и во иднина, потенцираше Шуклева.

На завршувањето на свечениот дел претставници на организацискиот комитет доделија благодарници на претставниците на поддржувачите на меморијалот.




© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.