МЕПСО ја реконструира 110 киловолтната постројка во „ТС Битола 2“ со тоа што по 38 години употреба ги заменува старите со нови доверливи прекинувачи. Во оваа фаза од реконструкцијата на овој енергетски јазол МЕПСО вложува 1 милион евра во нова високонапонска опрема, а средствата се обезбедени од европската банка за обнова и развој.
По тој повод во работна посета на трафостаницата гости на генералната директорка Ева Шуклева беа Радмила Шеќеринска, заменичка на претседателот на Владата, Васко Ковачевски генералниот директор на ЕСМ, Златко Ѓурчиевски, директор на РЕК Битола, Анди Аранитаси, директор на скопската канцеларија на ЕБОР и Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.
Во своето обраќање пред новинари генералната директорка Шуклева истакна:
- Во оваа фаза менуваме 13 стари и недоверливи 110 kV прекинувачи, а се врши и демонтажа на старите системи за управување. Со процесот на реконструкција на долг рок ја зголемуваме доверливоста и сигурноста во управувањето со електроенегетскиот систем, затоа што вградуваме нова и високо доверлива опрема. Оваа трафостаница е почетна точка на интерконективниот далекувод Битола-Елбасан со што се овозможува поврзување со Република Албанија, но исто така оваа трафостаница е почетна точка на уште еден интерконективен далекувод Битола-Лерин.
Шуклева потенцираше дека оваа трафостаница е енергетски јазол со огромно значење во преносната мрежа затоа што на оваа трансфостаница станица е приклучен и тука ја предава електричната енергија РЕК Битола, најголемиот производител во земјава на електрична енергија. Воедно од оваа трафостаница се снабдуваат со електрична енергија и двата рудника за ископ на јаглен Суводол и Брод-Гнеотино кои обезбедуваат погонско гориво за производството во РЕК Битола. Поради процесот на работа, рехабилитацијата на постројката ја вршиме во повеќе фази.
Шеќеринска потенцираше дека енергетиката е столбот на развојот на економијата и завршените проекти значат помош за економијата, за инвестициите, за поголем развој и за повисоки плати.
Повеќе информации на следниот линк