• АД МЕПСО вложува 3,18 милиони евра во реконструкција на ТС „Битола 2“
  • АД МЕПСО вложува 3,18 милиони евра во реконструкција на ТС „Битола 2“

АД МЕПСО вложува 3,18 милиони евра во реконструкција на ТС „Битола 2“

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

АД МЕПСО вложува 3,18 милиони евра во реконструкција на 400/110 kV трансформаторска станица „Битола 2“ инвестиција со која ќе биде заменета со нова високонапонска опрема што е во функција 38 години од пуштањето во работа на таа постројка во далечната 1982 година. По тој повод денеска м-р Ева Шуклева, генералната директорка на АД МЕПСО и Никола Мажар, претставник на најповолниот понудувач „Далековод“ од Загреб, Република Хрватска го потпишаа договорот за реконструкција на ТС „Битола 2“.

На потпишувањето денеска присуствуваше и Благој Бочварски, министер за транспорт и врски во својство на претставник на акционерот во АД МЕПСО. Кој во своето обраќање пред новинарите потенцираше:

- Ние како Влада, преку МЕПСО влеговме во еден сериозен инвестициски циклус од околу 100 милиони евра во изградба на нови далекуводи, така да старите далекуводи ќе ги замениме со нови за да обезбедиме квалитетна мрежа која ќе трае со децении. Понатаму целосно се реконструирани трафостаниците во Валандово, Осломеј и во Дуброво, а во завршна фаза е реконструкцијата на трафостаницата „Прилеп“. Се работи на модернизација и на трафостаницата во Струмица. Морам да спомнам дека се прават подготовки за почеток на изградба и на далекуводот од Битола и неговото поврзување со Албанија, така да остануваме целосно посветени на изградба на стабилен електропреносен систем во државата. И преку сите овие инвестиции испраќаме сериозна порака до сите домашни и странски инвеститори, сегашни и идн, дека создаваме одлични услови за работа како потврда на нашите заложби за стабилен енергетски систем, потенцира министерот Бочварски.

Со овој договор за реконструкција се опфатени 400 kV и 110 kV разводните постројки во ТС „Битола 2“. При тоа ќе биде набавена и монтирана следната опрема: 25 разделувачи и 114 потпорни изолатори на сите изводи во 400 киловолтната разводна постројка, а во 110 kV разводна постројка ќе бидат набавени и монтирани 42 разделувачи и 75 мерни трансформатори на сите изводи. Вложувањето е 3,18 милиони евра од кои 2,2 милиони евра сопствени средства на АД МЕПСО, а останатото е кредит од Европската банка за обнова и развој. Според договорот проектот треба да заврши во рок од 3 години.

Во своето обраќање Шуклева пред присутните истакна :

- Денеска потпишавме договор со кој ќе ја отпочнеме последната фаза од целосната реконструкција на 400/110 kV трафостаница „Битола 2“.Оваа трафостаница има големо значење во преносната мрежа претставувајќи енергетски јазол, на кој е приклучен РЕК Битола и е почетна точка на два 400кВ долекуводи за Грција и Алабанија.Пораади ваквата системска улога, реконструкцијата на трафостаницата Битола2 се одвива во повеќе фази, со голем ангажман на стручен кадар од различни профили со големо искуство.

Ова вложување е уште едно во низата инвестиции за стабилен и доверлив систем, за сведување на минимум на сите ризици од испади и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Воедно тоа е и патот за намалување на трошоците во работењето на МЕПСО.

ТС „Битола 2“ има уникатно системско значење затоа што на овој енергетски јазол е приклучен РЕК Битола најголемиот производител на електрична енергија во нашиот систем заедно со неговите рудници Суводол и Брод – Гнеотино. Воедно во оваа трафостаница влегува и еден од двата 400 киловолтни далекуводи со кои нашиот национален електропреносен систем е поврзан со соседниот електроенергетски систем на Република Грција. Заради тоа ТС „Битола 2“ е приоритет и во овој период во овој енергетски јазол, вклучувајќи го овој договор, АД МЕПСО вложува 6,4 милиони евра во нова доверлива опрема од најновата генерација. Во поодмината фаза е проектот за набавка, монтажа и инсталација на 13 прекинувачи во 400 kV постројка, инвестицијата е вредна 1 милион евра, а за три месеци треба да биде транспортиран, монтиран и вклучен под напон новиот 400/110 киловолтен енергетски трансформатор инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.