• Шуклева се обрати на отварањето на 46 европска конференција на млади инженери
  • Шуклева се обрати на отварањето на 46 европска конференција на млади инженери

Шуклева се обрати на отварањето на 46 европска конференција на млади инженери "Bridging Engineering Perspectives"

Рејтинг на корисник: 3 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

м-р Ева Шуклева, генералната директор на АД МЕПСО,  на покана на Клубот на млади инженери се обрати на отварањето на  46-тата Европска конференција на млади инженери со работен наслов Bridging Engineering Perspectives. Во прилог е извадок од обраќањето на м-р Шуклева:

- Успехот, тоа зависи од заложбите на човекот. Од слаломите кои мора да се прават во секојдневието, меѓу работните и семејни обврски. Но за да стигнете до целта која како млади инженери мора да ја имате пред себе, за да ја достигнете визијата која си ја имате поставено,нема да ви треба само знаење, вооружете се со многу трпливост и истрајност, подгответе се да се откажете од многу удобства, но и да учите.Бидејки теоретското знаење и учењето не завршува со дипломирањето или со постдипломските студии.

По целата моја кариера, јас се уште учам. Секоја нова позиција значи нов тим, нови работни задачи, проекти кои не трпат одлагање, менаџирање со човечки ресурси, со се што на крајот ќе донесе професионален успех.

Според трендовите во земјава и во странство во овој момент, информатичарите побрзо добиваат подобро платена работа. Но по моја слободна проценка, според потребите на инженери во МЕПСО, ЕСМ и ЕВН, во проектантските и изведувачки компании, вие како млади инженери имате добра иднина, а МЕПСО знае да ги “украде” најдобрите инженери, особено тие што ја одбрале енергетиката. Уште од студентските клупи дел од студнтите на теничките факултети во земјава беа, а други студенти се уште се наши стипендисти. Голем дел од нив веќе градат кариера во некоја од енергетските компании а други знаењето стекнато на нашите универзитети и искуството од работата во МЕПСО, ЕВН или ЕСМ го споделуваат со рамните на себе во светот.

Нема добри и лоши инженери. Но теоретското знаење што ќе го стекнете тука, ќе остане вакумирано и неискористено, доколку истото не се поткрепи со практична примена и искуство.

Затоа ние како менаџерски тим во АД МЕПСО ставаме акцент на континуираното учење, обуки и практична работа.

Вложувањето во опремата не е доволно за успешно работење на една компнија. Затоа посебно внимание даваме на инвестирањето во човечките ресурси.

АД МЕПСО будно го следи професионалниот развој на својот инженерски кадар. Со тоа, внимаваме на специфичните таленти во одредени области и даваме шанса на раст на професионален талент. Флексибилни сме во однос на барањата, потенцијалот и талентот во одредена област, со што ги слушаме самите инженери и даваме можност истите да се потврдат во нивната област на интерес.

Во изминатиов период вработени се повеќе млади инженери од повеќе профили. Ова е тренд кој што мораме да го запазиме а во Вас ги гледаме идните професионалци кои што ќе дадат свој придонес во развојот на енергетиката.

 

Почитувани,

Чест ми беше што говорев пред сите вас.

 

Од срце Ви посакувам успех во учењето, добро здравје и среќа во сите сфери на вашите животи.

Станете препознатливи во струката и делата нека говорат за вас.

 

Ние Ве очекуваме!


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.