АД МЕПСО ги информира сите засегнати страни дека Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги ( РКЕ) , ги одобри измените и дополнувањата на Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем.
Новите правила се објавени во “ Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 88 од 30 Април 2025 година и со тоа, стапуваат на сила.
Целта на измените е да се подобри сигурноста, транспарентноста и ефикасноста на процесот на балансирање на електроенергетскиот систем, во согласност со европските регулативи и домашното законодавство.
Текстот на изменетите правила е достапен на официјалната веб- страна на АД МЕПСО и може да се преземе на следниот линк : https://www.mepso.com.mk/docs/pbee/SLUZBEN%20VESNIK%20NA%20RSM%20br.%2088%20od%2030.04.2025.pdf