Првиот човек на АД МЕПСО, Бурим Љатифи присуствува на Генералното собрание на ENTSO-E, кое овие два дена се одржува во Брисел. На овој редовен состанок , АД МЕПСО како рамноправен член на Европската мрежа на преносни системски оператори за електрична енергија, ќе учествува во процесот на избор на претседател, членови на бордот на директори и на комитетите на ENTSO E за наредните четири години. Како посебна точка на дневниот ред на собранието е и усвојување на план за работа.
На Генералното собрание присуствуваат генерални директори на 39 – те членки на ENTSO-E кои претставуваат 35 земји од Европа. Заедничка мисија на сите членки на ENTSO-E е безбедност, оптимално функционирање и развој на меѓусебно поврзаниот електроенергетски систем на паневропско ниво, овозможувајќи интеграција на електричната енергија произведена од обновливи извори.