Согласно Законот за енергетика, на секои две години АД МЕПСО има обврска да изработи План за развој на електропреносниот систем за десетгодишен период.
Пред одобрување на овој План од страна на Регулаторната комисија за енергетика, потребно е да се достави на јавен увид до сите засегнати страни од енергетскиот сектор.
За таа цел Ве покануваме на 5. март 2025 година (среда) во 10 часот во просториите на АД МЕПСО на јавна расправа за Планот за развој на електропреносниот систем за период 2025 – 2035 година.
Планот за развој на електропреносниот систем за период 2025 – 2035 година може да го преземете на следниот линк
Ве повикуваме Вашите предлози и коментари да ги доставите на planiranje[at]mepso.com.mk