Генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи и заменикот директор Александар Пауновски, денеска се сретнаа со Јан Аксел Фос, заменик амбасадор на СР. Германија.
На состанокот се разговараше за битни стратешки проекти во преносниот систем, за интеграција на обновливите извори на енергија и плановите за иден развој на преносниот систем како и за клучните приоритети на МЕПСО, а тоа се инвестиции, стабилност и одржливост.
Меѓу низата проекти, заменик амбасадорот Аксел Фос со генералниот директор Љатифи разговараа и за интерконективниот далекувод со Р. Албанија и за процесот на модернизација на преносната мрежа.
При средбата директорот Љатифи објасни дека само со посветено и одговорно работење може да се дојде до решенија кои ќе овозможат стабилност и модернизација на нашата електропреносна мрежа.