• СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Завршува модернизацијата на 110kV  поле во 400/ 110kV трансформаторска станица Битола 2. Во крајна фаза се проектите за промена на високонапонската опрема со кои по повеќе од 40 години, се заменија старите прекинувачи на 110kV напоско ниво, поставени се нови 67 разделувачи на 400kV и 110kV напонско ниво, 114 изолатори и 75 нови мерни трансформатори на 110kV напоско ниво. 

Со овој процес на модернизација на опремата во оваа трансформаторска станица во која се вложени 4,2 милиони евра, на долг рок ја зголемуваме сигурноста во управувањето со електроенергетскиот систем затоа што вградуваме нова и високодоверлива опрема во постројката на која електрична енергија предава нашиот најголемиот производител РЕК Битола. Проектот завршува следната недела кога под напон ќе биде пуштено последното поле.

Со модернизација и надградба на електропреносната мрежа, не само што се зголемува безбедноста во снабдувањето со електрична енергија, туку на минимум ќе се сведат ризиците од испади или дефекти со што  значајно ќе се  намалат трошоците кои компанијата ги прави за одржување на оваа трансформаторска станица.

ТС „Битола 2“ има уникатно системско значење бидејќи на овој енергетски јазол е приклучен комбинатот РЕК Битола а воедно во оваа трафостаница влегува и еден од двата 400 киловолтни далекуводи со кои нашиот национален електропреносен систем е поврзан со соседниот електроенергетски систем на Република Грција, почетна точка е за 400  kV далекувод кон Р. Албанија а од тука со 400kV далекувод оваа станица е поврзана со ТС Дуброво.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.