Увид во градежните работи на проектот за изградба на 110 kV далекувод ТС Велес - ТС Овче поле

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 
Со несмалено темпо продолжува изградбата на 110 kV далекувод со кој се поврзуваат трафостаниците во Велес и Овче поле.

Генералниот директор на АД МЕПСО Syrija Rashidi заедно со заменик директорот Никола Рилак и проектниот тим, денеска посетија неколку градежни локации во близина на селото Мамутчево и на општина Лозово на кој се одвиваат планираните градежни активности .

Изведувачот на работите, конзорциумот Далековод и Елнос денеска монтираше четири нови челично- решеткасти столбови а паралелно се  врши заземјување и ископ на неколку други столбни места.

Рехабилитацијата на овој далекувод се врши на постоечката траса на надземниот електроенергетски вод кој датира од далечната 1960г.

Модернизацијата на преносната мрежа од овој тип, е од особена важност во услови на растечки тренд за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

© 2023 МЕПСО. Сите права се задржани.