Генералниот директор на АД МЕПСО г. Зуди Енуз и директорот на секторот за правни работи Билен Салији, учествуваа на шестиот по ред Инвестициски Самит за Западен Балкан 2024 што се одржува во седиштето на ЕБОР во Лондон, Велика Британија. На настанот присуствуваат сите шест шефови на владите од регионот со цел да се истакнат потенцијалните можности за инвестирање и водење бизнис но и да се промовираат регионални и прекугранични проекти во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, БиХ и Албанија. На посебен панел за зелената енергија и процесот на декарбонизација, дискутираат претставници на енергетските компании од земјава и странство, меѓународни инвеститори и креатори на политиките.
АД МЕПСО учествува на Инвестициски Самит за Западен Балкан 2024
- Посети: 6429