АД МЕПСО како целосен сопственик на Националниот операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ, е горд на започнувањето со работа на пазарот “Ден – однапред” за тргување со електрична енергија.
Водејќи се од фактот дека отворањето на овој пазар е клучен чекор кон модернизирање на енергетскиот сектор на државата и овозможува да се изгради модерна и отпорна енергетска иднина, успешниот старт на МЕМО која е фирма ќерка на нашата компанија, го сметаме за уште една потврда за досегашните позитивни политики и визии, а придобивките од сето тоа се несомнени- промовирање на поголема поврзаност со соседните земји, зголемена прекугранична трговија и повеќе странски инвестиции во енергетскиот сектор на земјата.
На првиот ден од тргувањето на берзата на електрична енергија учествуваа 20 компании, беа истргувани околу 500 мегават часови електрична енергија, а просечната цена што е постигната на крајот од тргувањето е 7125 денари.
Заедничкото чекорење на АД МЕПСО и МЕМО ќе продолжи и понатаму, а целта е единствена- модерна, чиста и отпорна енергетска иднина.