Генералниот директор на АД МЕПСО, г-н Syrija Rashidi заедно со г-н Симон Шутиновски, управител на Националниот оператор на пазар на електрична енергија- МЕМО, фирма ќерка на АД МЕПСО, денеска присуствуваа на отворањето на албанската берза за електрична енергија ALPEX.
Во рамки на промоцијата на новата берза во Тирана, директорот Rashidi реализираше низа средби, меѓу кои со своите колеги, Скерди Дренова од албанскиот оператор на преносниот систем (ОСТ) и со Еветар Зеќири од КОСТТ, потоа со директорот на албанската електроенергетска корпорација (KESH), Ергис Вердо и на Косово, Нагип Красниќи, како и со директорот на Регулаторната комисија за енергетика на Албанија, Петрит Амети .
Договорени се понатамошни посети со единствена цел унапредување на соработката меѓу сите електропреносните систем оператори во регионот и пазарите на електрична енергија во рамки на меѓународните регулативи.