АД МЕПСО во неделата 05.02.2023 г. регистрира отстапување на нашиот електроенергетски систем од интерконекцијата со Европа. Поради зголемениот конзум на електрична енергија, од европската енергетска мрежа беа повлечени 1774,3 MWh електрична енергија за што веднаш бевме опоменати од страна на Блок координаторот, рече во интервју за ТВ Телма, генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани. Меѓу основните поенти на неговото интервју беше и наплатата на долговите на фирмите трговци со електрична енергија, промените на пазарните правила што беа направени за да не се повторат проблемите со снабдувачите од пред две години, подготвеноста на преносната мрежа за нови приклучоци на обновливи извори на енергија и др.
Линк од емисијата