• С.Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во енергетскиот сектор
  • С.Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во енергетскиот сектор
  • С.Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во енергетскиот сектор

С.Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во енергетскиот сектор

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Интензивирање и продлабочување на соработката меѓу двете земји во полето на енергетиката особено во делот на снабдување со електрична енергија и природен гас беа главните теми на кои се разговараше на денешната работна средба која се одржа во Владата меѓу македонската и турската делегација, предводени од министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за енергетика Фатих Донмез. Меѓу многуте теми на кои говореа првите луѓе на македонските енергетски компании МЕПСО, ЕСМ и ГА-МА и турските ТЕИАШ и БОТАС, стана збор и за можноста за зголемување на прекуграничните капацитети за пренос на електрична енергија помеѓу двата систем оператори АД МЕПСО и ТЕИАШ.Како што беше истакнато во завршна фаза е изработката на Меморандум за соработка во енергетиката кој треба да отвори можности за зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор и нови перспективи за развој на економиите на двете земји.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.