Генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани и директорот на подружницата ОЕПС Борко Алексоски ја продолжуваат низата посети на електропреносните систем оператори во регионот.
На денешната средба со топ менаџментот на грчкиот оператор за пренос на електрична енергија ИПТО, темите на разговор диктирани од актуелната енергетска криза беа новите можности за
соединување на пазарите за пренос на електрична енергија во рамки на меѓународните регулативи, изнаоѓање на можности за трансфер на електрична енергија од турскиот преносен оператор ТЕИАС,
преку ИПТО до МЕПСО, како и засилена соработка меѓу двата електропреносни оператори во случај на продлабочување на енергетската криза.