Генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани и Ректорот на Универизтетот во Тетово, Куштрим Ахмети денеска склучија меморандум за соработка
со кој се утврдува рамката во која ќе се реализира соработката меѓу двете институции. Меѓусебната соработка ќе се реализира во областа на електротехниката и
информациските технологии преку едукативно- образовни програми и практична работа, работа на развојно-истражувачки проекти, поддршка на стручни, конференциски и научни семинари и работилници...
Со меморандумот меѓудругото се предвидува и стипендирање на тројца студенти од прв, втор и трет циклус на студии во времетраење на 10 месеци.
Стипендијата ќе се исплаќа во две полугодишни исплати по 40 000 денари а изборот на кандидатите ќе се врши по претходно распишан Конкурс.