• Започна изградбата на 110 kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Започна изградбата на 110 kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Започна изградбата на 110 kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Започна изградбата на 110 kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Започна изградбата на 110 kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Започна изградбата на 110 kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле
  • Започна изградбата на 110 kV  далекувод ТС Велес-ТС Овче поле

Започна изградбата на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче поле

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Со поставување камен темелник во близина на селото Мамутчево, денеска беше одбележан почетокот на градежните работи на 110 kV далекувод кој ги поврзува трансформаторските станици во Велес и во Овче поле. Станува збор за капитален инфраструктурен проект за изградба на далекувод на постоечката траса на далекуводот кој датира од далечната 1960 година.
Во услови на енергетската криза која предизвикува големи проблеми на секое ниво од општественото живеење, АД МЕПСО продолжува посветено да работи и да ги реализира планираните инвестиции во енергетската инфраструктура и технички да ја подготвува и надоградува преносната мрежа. Ова е неопходната инфраструктура што ќе обезбеди не само стабилност и доверливост во снабдувањето со електрична енергија на жителите и стопанството од овој регион, туку ќе даде можност за приклучување на нови корисници на преносната мрежа и интеграција на нови обновливи извори на енергија, рече генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани.
Во велешко- светиниколскиот регион се очекува изградба на значителен број сончеви и ветерни електрични централи. Во изградба е 25 MW фотонапонска електрична централа во близина на селото Амзабегово со приклучок во ТС Овче поле а најавена е и изградба на 80 MW фотонапонска електрична централа во близина на селото Ерџелија.За значењето на модернизираната преносна мрежа во насока на растечки тренд за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија од ОИЕ, говореше премиерот Димитар Ковачевски.
Дополнително и подеднакво важно е што ние како држава сме насочени во изградба на капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија која се интензивираше во последниот период со енергетската криза а за пренос на таа електрична енергија ни е потребен стабилен систем и тоа го обезбедуваме со овој далекувод,рече Ковачевски
Далекуводот ТС Велес- ТС Овче поле, е со должина од 20,94 км и е поставен на 83 столбoви. Од нив целосно ќе се заменат 56 бетонски и три челично решеткасти столбови а целосно ќе биде заменета старата опрема ( проводник, заштитино јаже, изолатори итн) . Инвестицијата е со вредност од 2,3 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР. Изведувач на работите е Конзорциум на Далекувод Загреб- ЕЛНОС Бања Лука, а надзорот на градбата ќе го врши Столб Битола.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.