• АД МЕПСО ќе помогне за обновување на преносната електроенергетска мрежа во Украина

АД МЕПСО ќе помогне за обновување на преносната електроенергетска мрежа во Украина

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани денеска се сретна со амбасадорката на Украина, Лариса Дир а тема на разговорот беше тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина како последица на воениот конфликт со Русија.
Амбасадорката Дир побара помош од АД МЕПСО во делот на обновување на критичната инфраструктурата за пренос на електрична енергија врз која како што рече е причинета значителна штета.
АД МЕПСО ќе вложи напори за да помогне на граѓаните на Украина за обнова на преносниот електроенергетски систем и тоа во делот на опрема и резервни делови кои нашата компанија ги има во магацините а кои можат да се стават во работна функција.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.