• Работна посета на ТС Богословец
  • Работна посета на ТС Богословец
  • Работна посета на ТС Богословец
  • Работна посета на ТС Богословец
  • Работна посета на ТС Богословец

Работна посета на ТС Богословец

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Следејќи ги светските трендови на развој и имплементација на производствените капацитети кои го користат ветерот како ресурс, во Р.С.Македонија во завршна фаза е изградбата на втората ветерна електрична централа Богословец. ВЕЦ Богословец е со вкупен инсталиран капацитет од 36 МW и ќе има осум турбини секоја со големина од 4,5 MW.

Во работна посета на ВЕЦ Богословец и ТС Богословец денеска беше екипа на АД МЕПСО која од инвеститорот ТХОР Импекс ДОО Скопје и неговите изведувачи се запозна со активностите на терен.

 

АД МЕПСО го пушти под напон приклучокот на ветерниот парк на преносната мрежа составен од ТС 110/33 kV  Богословец и нов двосистемски 110 kV далекувод со кој се формирани два нови 110 kV далекуводи: ТС Овче поле- ТС Богословец и ТС Богословец-ТС Штип.

Приклучокот на електропреносната мрежа кој по добивање на употребната дозвола ќе биде примопредаден во сопственост на АД МЕПСО е составен од:

  • 110 kV разводна постројка од ТС Богословец и командно контролен објект на АД МЕПСО во кој е сместена секундарната опрема ( системот за надзор и управување, релејна заштита, мерење на ЕЕ, AC/DC развод, ТК опрема).
  • 2х110kV приклучен далекувод со вкупна должина 4,55 km и вкупно 20 столба до пресекот на 110kV далекувод ТС Овче поле – ТС Штип.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.