Дел од менаџментот на АД МЕПСО предводен од генералниот директор Орхан Муртезани, директорот на ОЕПС, Борко Алексоски и раководителката на одделот за инвестиции и развој, Анита Јованова, денеска во Тирана се сретнаа со своите колеги од албанскиот електропреносен систем оператор ОСТ. Главни теми на разговорот со директорот на ОСТ Скерди Дренова и неговите соработници, беа динамика на реализација на интерконективниот 400 kV далекувод Битола-Елбасан, идните планови на двете држави во делот на пазарот на електрична енергија, а стана збор и за други можни соработки и активности поврзани со развојот на електроенергетскиот сектор.
АД МЕПСО во посета на ОСТ Албанија
- Посети: 1618