• Регионот добива нова електроенергетска крстосница, започна изградбата на 400 kV  далекувод Битола -Елбасан

Регионот добива нова електроенергетска крстосница, започна изградбата на 400 kV далекувод Битола -Елбасан

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
АД МЕПСО ја започна изградбата на новиот 400 kV далекувод со кој Р. Северна Македонија енергетски ќе се поврзе и со Р. Албанија. Со реализацијата на овој капитален проект земјата се позиционира како крстосница за дистрибуција на електрична енергија од Бугарија, преку Македонија, низ Албанија, до Италија со што ќе се обезбеди последната алка од коридорот исток-запад.

Денеска на оваа локација поставуваме камен темелник на новиот 400 kV далекувод кој ќе тргнува токму од тука, од трансформаторската станица Битола 2 до македонско -албанската граница. Изградбата на оваа 400 kV интерконективна врска е еден од најголемите и најзначајни проекти во историјата на нашата компанија но и пошироко во регионот, бидејќи со неа практично ќе го заокружиме електроенергетското поврзување со сите наши соседи, рече генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани на свеченоста која по тој повод се одржа во ТС “Битола 2”.

Инвeстицијата изнесува 17, 22 милиони евра од кои пет милиони евра ќе бидат покриени со инвестициски грант од WBIF, а 12,2 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој. Инвестирањето во проекти како овој е чекор напред кон енергетска трансформација и кон енергетска безбедност на земјата и регионот, рекоа претставниците на ЕУ и ЕБОР.

ЕУ го поддржува овој важен енергетски проект, особено сега кога сме соочени со најголемата енергетска криза и се уште закрепнуваме од влијанието на пандемијата. Овие времиња се добар потсетник дека мораме да продолжиме да инвестираме во енергетската модернизација  и на тој начин да се доближиме до приоритетите поставени во нашата зелена агенда, изјави Џулијан Васало заменик амабсадот на делегацијата на ЕУ во РСМ.

Интерконективниот надземен вод ќе има клучна улога во развојот на регионалниот пазар на електрична енергија и зголемување на капацитетите на ОИЕ, пришто сончевата енергија и ветерот ќе бидат двата приоритетни обновливи извори што ќе се развиваат во Севeрна Македонија и Албанија на краток и среден рок, надоврзувајќи се на поддршката што ЕБОР им ја обезбеди на властите во двете земји за да започнат конкурентни тендери за ОИЕ, рече Анди Аранитаси претставник на ЕБОР во РСМ.

Поздравувајќи го почетокот на работите на новиот далекувод како дел од проектот кој ја опфаќа и изградбата на 400/110 kV трансформаторска станица во близина на Охрид која започна лани во август, премиерот Димитар Ковачевски рече дека со реализацијата на интерконекцијата Битола-Елбасан, не само што се јакне преносната мрежа туку се испраќа порака до инвеститорите за поволен амбиент во нашата земја.

Ваквите проекти на нашата држава ќе и овозможат енергетска транзиција и бенефити не само за една-две години, туку ќе значат бенефит за идните генерации кои живеат и работат тука.Проектот отвора широки економски потенцијали, а подеднакво важно е градењето на добрососедстки однсои.Со градењето вакви врски со соседите и со инвестирање во капитални проекти во електроенергетската мрежа, ги поврзуваме нашите економии, сите стануваме посилни и поконкурентни и што е најважно поподготвени за натаможен развој, рече премиерот Ковачевски.

Должината на далекуводот кој ќе почнува од ТС “Битола 2” до македонско-албанската граница е 97 километри и ќе биде поставен на 269 челично решеткасти столбови. Изведувач на работите е фирмата Енергоинвест од Сараево-БиХ, а надзорот врз изградбата ќе го врши локалниот партнер VEVE Group од конзорциумот консултанти на проектот.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.