Набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет за 2022 година

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Согласно Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, ОЕПС е одговорен за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет и енергија од Даватели на услуги за балансирање со цел да обезбеди оперативна сигурност, одржување на фреквенцијата и напонската стабилност на системот.

Согласно постапката, дефинирана во Правилата за набавка на aFRR балансен капацитет и енергија и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, ОЕПС на 15.12.2021 (среда) ќе реализира:

- Годишна аукција за набавка на aFRR балансен капацитет за секој месец одделно за 2022 година

- Месечна аукција за набавка на mFRR балансен капацитет за месец јануари 2022 година  

Поради тоа што ММС интернет платформата има технички проблеми, ОЕПС ќе ја спроведе годишната аукција за набавка на aFRR балансен капацитет и месечната аукција за набавка на mFRR балансен капацитет согласно Член 12 од Правилата за балансирање. Сите даватели на балансни услуги кои ќе учествуваат на аукцијата се должни на 15.12.2021 година, точно во 12:00 да ги пратат понудите на e-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. На сите даватели на балансни услуги по email ќе им биде испратен урнек за годишната аукција за  набавка на aFRR и месечната аукција за набавка на mFRR балансен капацитет за месец јануари.

GOT (Gate opening time) – 12:00 h
GCT (Gate closure time) – 12:00 h


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.