Реакција на АД МЕПСО на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Го отфрламе како неосновано и пред се тенденциозно обвинението кое што денеска го објави ВМРО ДПМНЕ дека АД МЕПСО троши 125 илјади евра за авиобилети.

Договорот за набавка на авио билети е три годишен рамковен договор, потпишан во август оваа година и има важност до 2024 година. Тоа значи дека предмет на плаќање согласно овој рамковен договор ќе бидат патувањата што ќе се реализираат во тек на три години.

Во оваа прилика сакаме да и појасниме на партијата ВМРО ДПМНЕ дека ваков договор за набавка на авио билети не се потпишува затоа што некој решил да шета, туку исклучиво за стручните луѓе од компанијата кои учествуваат на фабрички прием и тестирање на опрема која ќе биде вградена во капиталните инвестиции кои ги изведува нашата компанија од типот на интерконекцијата Македонија-Албанија и реконструкцијата на далекуводите, како и за учество на седниците на комитетите на ЕНТСО-е (Европска мрежа на преносни систем оператори на електрична енергија). Овој вид тестирања на опремата се врши во земјите на производство на опремата  и средствата за реализација на овие патувања се планирани според потребите и инвестициските планови на АД МЕПСО.

Посочуваме дека од предвидената сума со рамковниот договор, до 31.10.2021 АД МЕПСО има исплатено 0 (нула) денари по основ на овој договор.

АД МЕПСО во континуитет е предмет на неосновани напади од страна на ВМРО ДПМНЕ а денешното обвинување е последното во низата кое само по себе е парадоксално ако се знае дека на пример договорот за 2013-2016 година бил потпишан за набавка на авио билети во износ од 150.000 евра.   

Бараме партијата ВМРО ДПМНЕ веднаш да се извини за денеска изнесеното тендециозно обвинение а нашиот правен тим во секој случај ќе превземе соодвети правни мерки во интерес на заштитата на угледот и реномето на компанијата.


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.