• Генералниот директор Рамадани за порталот antoris.mk: Никој не можеше да предвиди толкав скок на цената на струјата на светските берзи
  • Генералниот директор Рамадани за порталот antoris.mk: Никој не можеше да предвиди толкав скок на цената на струјата на светските берзи

Генералниот директор Рамадани за порталот antoris.mk: Никој не можеше да предвиди толкав скок на цената на струјата на светските берзи

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Пред неколку дена Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека за две фирми, снабдувачи со електрична енергија на македонскиот пазар, има покренато постапка за одземање на лиценцата за снабдување. Во прчината за оваа санкција беше наведено „недолично однесување“. Имено, снабдувачите не успеале навреме да за обезбедат толкаво количество струја,  колку што се обврзале со договорите. Неколку пати биле предупредени на време да ги обезбедат сите потребни количини електрична енергија за своите потрошувачи, но не го сториле тоа, за потоа МЕПСО да ги надополни од резервите што ги користи во исклучителни случаи.

РКЕ соопшти дека неколку компании се обиделе на  потрошувачите, наместо по договорената, струјата да им ја продадат по повисока цена, што е спротивно на правилата. РКЕ соопшти дека стотина фирми се пожалиле на проблеми со снабдувачите.

За овој проблем, Анторис мислење побара од генералниот директор на МЕПСО (единствениот систем за пренос на електрична енергија во земјава) м-р Куштрим Рамадани.

  • Што се случи со снабдувачите за кои Регулаторната комисија за енергетика покрена постапка за одземање на лиценците за снабдување?

– Снабдувачите не се толку виновни во оваа „несекојдневна“ ситуација што му ја донесе епидемијата на целиот свет. Вистина е дека цената на струјата на светските берзи урива рекорди. Никој, па и снабдувачите не очекуваше дека толку ќе скокне цената на електричната енергија на берзите. Тие склучувале договори со потрошувачите (со помалите потрошувачи што се на слободниот пазар) по цена од 50-60 евра за мегават час, а ја купиле за, да речеме по 45 евра. Одеднаш цената на берзата поскапува за три пати. Сега тие се принудени од трговците да купуваат по цена од 150 евра, а мораат да им продаваат на потрошувачите по договорената цена! Значи  снабдувачите, и без санкциите на РКЕ, поради новосоздадените услови на пазарот, можеме да речеме дека се уништени.

Регулаторната комисија постапува според законските одредби, така мора да реагира, но причините за незадоволување на потребите на потрошувачите од страна на снабдувачите се објективни. Во цела Европа има голем скок и на цената на струјата. Оваа ситуација може да се спореди со финансиската криза од 2008 година. Пак ќе речам дека оваа ситуација никој не можеше да ја предвиди. Никој не очекуваше дека пандемијата толку долго ќе трае и дека ќе направи толкави штети насекаде во светот.

  • Сепак со таа мерка на РКЕ за санкционираните снабдувачи се „лепи“ една негативна етикета, што можеби не е објективна?

– Да тие исти фирми со години функционирале. Не траба да се сфати дека некој намерно правел „нешто“, бидејќи никој паметен не би работел „во корист на сопствената штета“.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.