• За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа
  • За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа
  • За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа
  • За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа
  • За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа
  • За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа
  • За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа

За три пати надминати очекувањата за приклучување на ОИЕ во преносната мрежа

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

АД МЕПСО евидентира растечки тренд на барањата за приклучување на обновливите извори на енергија на електроенергетската преносна мрежа. “Зеленото” сценарио од Националната Cтратегија за развој на енергетиката предвидува до 2040 година да се интегрираат 750 MW од ветерници и уште 1350 MW од фотонапонски електрани, а интересот за ОИЕ веќе сега е надминат за два-три пати, истакна на дводневниот енергетски форум МЕФ 2021,генералниот директор Куштрим Рамадани. “Интегрирањето на ОИЕ како клучен дел од планот за енергетска трансформација е вистински предизвик за операторите на преносните системи. АД МЕПСО има две важни задачи за исполнување, најпрво да создадеме услови за да им овозможиме на обновливите извори на енергија да се приклучат на преносната мрежа и второ, да ја менаџираме произведената енергија. Досега до нас стигнаа барања за приклучување на мрежата од 2000 MW за ветерни електрани и преку 1000 MW за фотоволтаициистакна тој.

За ефикасна интеграција на ОИЕ која ќе доведе до транзиција на зелена енергија, рече Рамадани “потребни се инвестиции во електропреносната мрежа, зголемување на капацитетот и нејзината ефикасност со воведување на паметни технологии, стриктни правила за балансирање но и засилена регионална соработка, платформа за балансирање и воведување на системи за складирање на енергијата.

Стратегијата за развој на енергетиката која што беше донесена во 2019 год. предвидува до 2040 год. да се намали потрошувачката на енергија за 27% а  учеството на ОИЕ да се зголеми од сегашните 18% на 45 %.Во таа насока беше и главната тема на форумот, како да продолжи енергетската трансформација кон зелена енергија, како да се дојде до инвестиции и како од социјален аспект да се справиме со повисоките цени што доаѓаат, било да е тоа од данокот за јаглен или од поскапата струја добиена од ОИЕ.

Зелената транзиција нема да биде успешна доколку не е праведна, односно, доколку во целиот процес не се земат предвид и човечката димензија, како и економските и социјалните аспекти, нагласи премиерот Зоран Заев додавајќи дека “вкупниот капацитет на досега проектираните фотонапонски централи што се градат или што треба да се изградат е 1.500 мегавати, а на ветерните централи е 550 мегавати”.  

“Северна Македонија е прва држава што изработи Национален план за енергија и клима кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност кој ќе биде донесен во октомври оваа година“, рече пред присутните министерот за економија Крешник Бектеши.

Во процесот на транзиција кон зелена енергија, помош понудија и САД.” Тука сме да им помогнеме на земјите во овој регион да се чувствуваат енергетски сигурни на нивниот пат за трансформација. Тука зборувам за Грција, Бугарија, Северна Македонија и Србија. Владите во Балканот објавуваат планови за финансирање во обновливи извори на енергија и дополнителни инвестиции во преносливи капацитети. Ќе ве поддржиме да го направите тоа”– рече амбасадорката Брнз.

Борбата против климатските промени треба да биде заедничка за сите, рече амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир а Северна Македонија е прва што почна со процесот на замена на рудниците со соларна енергија. “Северна Македонија презеде значајни чекори за усвојување на петгодишна програма за енергетски развој и интегриран план за енергија, кој има за цел намалување на емисијата на јаглеродот, како и мерки за спроведување на Зелениот договор за Западен Балкан”, рече Гир.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.