• Се засилува енергетската соработка во регионот на ЈИЕ
  • Се засилува енергетската соработка во регионот на ЈИЕ
  • Се засилува енергетската соработка во регионот на ЈИЕ
  • Се засилува енергетската соработка во регионот на ЈИЕ
  • Се засилува енергетската соработка во регионот на ЈИЕ

Се засилува енергетската соработка во регионот на ЈИЕ

Рејтинг на корисник: 1 / 5

Активна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Се засилува енергетската соработка во регионот на ЈИЕ

Свечено отворен Координативниот центар за безбедност на електричната мрежа во Југоисточна Европа- „SEleNe CC“

Генералниот директор на АД МЕПСО Куштрим Рамадани, директорот на ОЕПС Борко Алексовски и шефот на кабинет Имер Далипи, изминатиов викенд во Солун, Р. Грција, присуствуваа на свеченост по повод официјалниот почеток со работа на Координативниот центар за безбедност на електричната мрежа во ЈИЕ, SEleNe CC (Southeast Electricity Network Coordination Center) што се оценува како почеток на нова ера за енергетска безбедност и соработка во регионот.

Со реализација на задачите на SEleNe CC освен што ќе се подобри безбедноста на мрежите во Југоисточна Европа, ќе се обезбеди значаен придонес во размена на знаење помеѓу вработените во преносните систем оператори во регионот за справувањето со новите технички предизвици. Исто така преку SEleNe CC ќе се обезбеди поефикасно функционирање на пазарот на електрична енергија преку максимизирање на капацитетот достапен на пазарот за размена на енергија, што на крајот, се очекува да доведе до намалување на трошоците за електрична енергија.

Во исто време, SEleNe CC ја промовира регионалната соработка помеѓу преносните систем оператори, што денес е поважно од било кога, бидејќи се интензивираат предизвиците за балансирање на системите, поради зголемената пенетрација на ОИЕ, зголемување на обемот, но и варијабилност на прекуграничните текови што за АД МЕПСО е од исклучително значење. Имено, АД МЕПСО, согласно обврските што ги има превземено со потпишувањето на меѓународните договори има обврска да ги обезбеди сервисите кои се реализираат преку регионалните центри за сигурност за што SEleNe CC, освен Координативниот центар SCC Белград,  ќе има клучна улога.

Свеченоста се одржа во присуство на претставници на операторите – акционери на SEleNe CC, ESO-EAD од Бугарија, Терна од Италија,Транселектрика од Романија и ИПТО од Грција; од Европската асоцијација ENTSO-E;  надлежни регулаторни органи; SCC Белград, како и претставници на преносните систем оператори на Западен Балкан.


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.