• АД МЕПСО пријател на ЈЗУ УК “Свети Наум Охридски- Скопје”
  • АД МЕПСО пријател на ЈЗУ УК “Свети Наум Охридски- Скопје”
  • АД МЕПСО пријател на ЈЗУ УК “Свети Наум Охридски- Скопје”
  • АД МЕПСО пријател на ЈЗУ УК “Свети Наум Охридски- Скопје”

АД МЕПСО пријател на ЈЗУ УК “Свети Наум Охридски- Скопје”

Рејтинг на корисник: 1 / 5

Активна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

АД МЕПСО е меѓу компаниите чие име и лого е истакнато на т.н. ѕид на благодарност на ЈЗУ Универзитетска Клиника по хируршки болести Св. Наум Охридски- Скопје. АД МЕПСО минатата година даде донација од 1. 200 000 денари за реконструкција и реновирање на клиниката и влезе во групата на компании ”Пријатели на клиниката”, кои донирале средства и придонеле во процесот на реконструкција и подобрување на условите за третман на пациентите во установата.

Донацијата беше потребна за физичко одделување на поликлиничкиот од болничкиот простор, за побезбедна работа на персоналот и за зголемена безбедност на пациентите кои престојуваат во болницата особено во услови на пандемија со КОВИД -19.

Донацијата е само уште една во низата активности кои АД МЕПСО како општествено одговорна компанија ги превзема во насока на хуманоста и подготвеноста да подаде  рака во најпотребните моменти.


© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.