• Започна реконструкцијата на 110kV далекувод ТС Штип - ТС Овче Поле

Започна реконструкцијата на 110kV далекувод ТС Штип - ТС Овче Поле

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
АД МЕПСО ја започна реконструкцијата на 110 кВ далекувод  “ТС Штип - ТС Овче Поле”. Станува збор за капитален инфраструктурен проект за изградба на нов далекувод на постоечката траса од стариот далекувод што е во функција од 1960 година.Далекуводот е со должина од 17,88 км и поставен на 71 столб, од кои 55 столба се бетонски, а 16 се челично-решеткасти. Изградбата опфаќа остранување на старите бетонски столбови и поставување на нови челично-решеткасти столбови а на преостанатите 16 челично-решеткасти столбови ќе се изврши замена на опремата.
Со оваа инвестиција ја спроведуваме стратешката цел на Владата, а тоа е транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кон обновливи извори на енергија.Токму на овој далекувод во иднина, ќе биде приклучена ветерната централа „Богословец” со инсталирана моќност од 36 МW”, рече генералниот директор на АД МЕПСО Куштрим Рамадани.
Изградбата на 110 кВ далекувод ТС Штип-ТС ОВче Поле е дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електропреносната мрежа на Р.Северна Македонија.Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 кВ далекуводи за што се вложуваат над 15 милиони евра.
Ова денеска е вековиште.Ова е неопходната инфраструктура за она што сакаме да го доживееме, а тоа е да ја гледаме и оваа штипско-светиниколска котлина богата со обновливи извори на енергија, со фотоволтаици, со ветерници, но и неопходна инфрасруктура за развој на севкупната инвестиција во процесот на “ just transition” т.е замена на јагленот со обновливите извори на енергија, рече премиерот Зоран Заев на официјалниот почеток на изградбата на далеководот ТС Штип-ТС Овче Поле. 
Инвестициите во електропреносниот систем се од клучно значење за севкупниот економски развој на земјата, рече Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Со реконструкцијата испраќаме јасна порака до сите инвеститори дека е јакнеме  преносната мрежа и создаваме поволен инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори што сакаат да го искористат економскиот потенцијал на овој регион. Изградбата на овој далекувод е од огромно значење за стабилноста на електричната енергија во целиот регион каде има многу компании кои имаат потреба од сигурна и стабилна енергија “, истакна тој.
Поздравувајќи ја посветеноста на Владата кон Зеленото сценарио од Енергетската стратегија, претставникот на Европската банка за обнова и развој,Анди Аранитаси потенцира дека овие проекти ќе допринесат за намалување на техничките загуби, оптимизација на преносните системи во регионот со цел обезбедување доверливоста на мрежата, сигурност во напојувањето и натамошна интеграција на обновливите извори на енергија.
Рехабилитацијата на овој далекувод е значајно дополнување на инвестициите за обновливи извори во регионот, поточно 25 МW фотоволтаична централа на државно земјиште во Азамбегово и 36 MW ветерна електрична централа Богословец. Овие два проекти ќе донесат комбинирани инвестиции од над 75 милиони евра”, рече Аранитаси.
Во овој проектот  АД МЕПСО вложува 1,41 милиони евра и е поддржан со заем од ЕБОР.Според планираната динамика на работа , далекуводот треба да биде изграден во наредните седум месеци.

© 2021 МЕПСО. Сите права се задржани.