• Донација од АД МЕПСО за Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“
  • Донација од АД МЕПСО за Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“

Донација од АД МЕПСО за Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“

Рејтинг на корисник: 3 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

„Имаме за вас една многу важна вест: градинката наша „Панорама“ еколошка стана!!!“ извикаа дечињата од истоимениот клон на детската градинка „Кочо Рацин“ денеска на приредбата што ја приредија по повод одбележувањето на првата донацијата во „Планот за чист воздух“

А.Д. МЕПСО донираше 1 милион денари за ЈЗУ Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопската општина Чаир. Со донираните средства менаџментот на болницата набави апарати и опрема потребни за грижа и нега на најмалите – на новороденчињата.

По тој повод г-дин Билен Саљији, заменик генерален директор на АД МЕПСО на покана на менаџментот беше во посета на болницата „Мајка Тереза“ каде стручниот лекарски тим ги презентираше набавените средства. Станува збор за два CAPNOSTREEM PORTABL апарати кои служи за следење на виталните параметри и тие се наменети за подобрување на условите на оперираните лица при хируршки интервенции.

Исто така „Мајка Тереза“ од донацијата на АД МЕПСО набави четири кардиореспираторни монитори кои служат за следење на состојбата на новороденчињата. Директорот на ЈЗУ „Мајка Тереза“ д-р Башким Исмаили се заблагодари за донацијата на АД МЕПСО при што истакна дека нашата компанија уште еднаш го потврди статусот на постојан соработник на оваа здравствена установа. Саљији во име на МЕПСО истакна дека соработката меѓу двете страни ќе продолжи и во иднина.




© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.