• Меѓународна конференција во организација на ЗЕМАК со поддршка на енергетските компании

Меѓународна конференција во организација на ЗЕМАК со поддршка на енергетските компании

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Во организација на македонското здружение на енергетичари ЗЕМАК и годинава на 1 и 2 октомври се одржа меѓународната конференција „Енергетика 2020“ , но овој пат со преседан заради околностите предизвикани од здравствената криза предизвикана од COVID 19, конференцијата се одржа во Webinar формат. На дводневната конференција повеќе од 50 учесници презентираа над 30 труда од различни енергетски области. И годинава ЗЕМАК доби поддршка од домашните енергетски компании, а во воведно обраќање на присутните се обрати и м-р Ева Шуклева, генерална директорка на А.Д. МЕПСО.

Во прилог е извадок од обраќањето на м-р Шуклева:

-Во оваа, за сите нас, нова ситуација, се покажа уште еднаш дека енергетиката претставува основата на сите технологии, кои што го овозможуваат новиот начин на живот и делување.Политиките на вложување во енергетскиот систем и енергетските стратегии обезбедуваат стабилност, енергетска ефикасност, доверливост во работата уште еднаш се потврдија како единствено исправни политики, рече генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева во своето обраќање на отворањето на вебинар конференцијата на Здружението на енергетичари-ЗЕМАК и потенцираше:

Глобалната пандемија не го спречи АД МЕПСО успешно да влезе во најголемиот инвестициски циклус, составен од проекти за реконструкција на постоечката инфраструктура и изградба на нови електроенергетски објекти. Со цел, остварување на врвниот приоритет, доверлив и стабилен електроенергетски систем и непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија на сите субјекти приклучени на преносната мрежа, во тек се повеќе проекти за реконструкција на трансформаторските станици, а голем дел од нив се успешно завршени во време на пандемија, и дополни:

-Тргнувајќи од концептот и тематските области на оваа конференција, посебно во развојот и проектниот менаџмент на енергетските системи, искрено се надевам дека трудовите кои ќе произлезат ќе најдат практична применливост од страна на нашите стручни инженерски тимови.

Линк од снимката од свеченото отварање на конференцијата:

Лозинка: Energetika2020


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.