МЕПСО започнува постапка за изработка на нова Студија за развој на преносната мрежа за десетгодишен период.
Според Мрежни правила за пренос на електрична енергија, во делот кој се однесува на Усогласување на развојните подлоги и планови со корисниците на електропреносниот систем (член 17), МЕПСО е задолжен на својата веб страница да ги објави подлогите и плановите релевантни за развој на електропреносниот систем.
Подлогите за планирање на развојот на преносната мрежа може да ги преземете од следниот линк .
Ги повикуваме сите корисници, органите на државната и локалната самоуправа, како и странките заинтересирани да се приклучат на електропреносната мрежа да поднесат предлози и коментари на објавените податоци до МЕПСО (planiranje[at]mepso.com.mk) до 02.05.2022 година.