Market Management System

MEPSO Market Management System е платформа во која се имплементирани повеќе модули со цел што подобро да се интегрираат и реализираат дејностите на АД МЕПСО како Оператор на електропреносниот систем во однос на пазарот на електрична енергија и пазарот на балансна енергија.
Најава
MEPSO Market Management System

Со помош на Market Management System (MMS) се овозможува менаџирање и размена на податоци помеѓу АД МЕПСО и учесниците на Пазарот на електрична енергија во Северна Македонија, и помеѓу АД МЕПСО и соседните Систем Оператори  со примена на ЕУ Регулативата и препораките на ENTSO-E.

ММS е составен од 6 функционални модули: Master Data, Auction, Nomination, Dispatching, Balancing и Settlement. Форматот на размена на податоци е XML согласно ENTSO-E стандардите. Истиот е поврзан со SCADA системот и е во 24 часовен работен режим.

Market Management System овозможува реализирање на повеќе процеси:

  • Scheduling (изработка на конечен дневен распоред);
  • Аукции за набавка на балансен капацитет и енергија (FCR – Frequency Containment Reserve , aFRR и mFRR – automatic and manual Frequency Restoration Reserve);
  • Аукции за купопродажба на електрична енергија за покривање на несаканите отстапувања на контролната област управувана од АД МЕПСО (компензација);
  • Набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа преку организирање на аукции, кои можат да бидат организирани како дневни, месечни или годишни и тоа за различни периоди на испорака;
  • Со помош на Dispatching Module се овозможува ангажирање на понудите за mFRR балансна енергија (нагоре или надолу) согласно мерит ордер листата, која се генерира автоматски по завршување на дневните аукции за mFRR балансна енергија;
  • Со помош на Settlement Module се вршат пресметки на дебаланси и финансиско порамнување помеѓу ОЕПС и засегнатите страни.

Оваа платформа може да ја користи ОЕПС, соседните оператори на преносни системи како и сите учесници на пазарот во улога на производители, трговци, снабдувачи или даватели на помошни услуги.

MEPSO Market Management System е модерно дизајнирана софтверска алатка која постојано се оддржува и надградува согласно Правилата за балансирање на ЕЕС и европските регулативи и легислативи на ЕНТСО-Е со цел да се визуелизираат (реализираат) сите процеси на транспарентен, недискриминаторен и конкурентен начин.
© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.