Пет стипендии од МЕПСО, ЕСМ и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Трите македонски електроенергетски компании, деветти пат по ред, доделија стипендии на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пет студенти од ФЕИТ се нови стипендисти на АД ЕСМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО. Стипендиите за студентите на ФЕИТ се доделуваат традиционално секоја година, станува збор за повеќегодишната соработка што е сериозен стимул во нивниот образовен процес. Стипендистите добиваат одлична финансиска помош со обезбедување средства за нивна едукација, можност за практична работа, како и можност за вработување во компаниите.
Во согласност со воспоставената практика од 2012 година, компаниите АД ЕСМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија доделија пет стипендии на студенти од прва и втора година запишани на електроенергетските насоки на ФЕИТ, во студиската 2019 - 2020 година. Стипендиите се во износ од 8.000 денари месечно, и се доделуваат за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8,0. Енергетските компании покажаа висока општествена одговорност кон заедницата и токму во годината што донесе сериозна здравствена и економска криза даваат голема поддршка за школувањето на идните електроинженери. Компаниите и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат образовниот процес и создавањето кадри што моментно се курентни и неопходни на пазарот на трудот за развој на нашата економијa.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.