• Изјава за јавност на м-р Ева Шуклева, генерална директорка на АД МЕПСО по настанатата штета на фасадата на Дирекција
  • Изјава за јавност на м-р Ева Шуклева, генерална директорка на АД МЕПСО по настанатата штета на фасадата на Дирекција

Изјава за јавност на м-р Ева Шуклева, генерална директорка на АД МЕПСО по настанатата штета на фасадата на Дирекција

Рејтинг на корисник: 3 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Вчерашниот ветер буквално ја соголи административната зграда на МЕПСО. Голем дел од фасадата, се најде на земја. Притоа, откорнатите парчиња стиропор оштетија неколку службени возила,откорнати се и десетина клима уреди.Налетот на ветрот во само неколку часа, покажа колку небезбеден може да биде проектот Скопје 2014 и за животот на луѓето.

Нашите екипи се цела ноќ на објектот, собираме информации каде се е оштетена фасадата.Можете да видите дека има делови кои и без ветер, секој момент можат да се урнат, правиме увид и на штетите кои евентуално настанале на покривот од зградата.

Целиот овој простор зафатен од рушевините го обезбедивме а полицијата направи записник.Од безбедносни причини го ограничивме движењето, а осигурителните компании и стручните лица вршат проценка на настанатата штета, така што е прерано за да говориме со бројки.

Потсетувам дека за проектот насловен како “Реконструкција и адаптација на зградата” кој имал за цел подобрување на енергетската ефикасност, минатата Влада потрошила повеќе од 10 милиони евра.Барокната фасада беше состојба со која се соочи новото раководство и во чие поставување немаше никаква улога.

Поради повеќе наследени состојби и пропусти во изведбата, донесена е одлука за спроведување на внатрешна ревизија која треба да ја утврди фактичката состојба во однос на активностите превземени од страна на изведувачот а согласно склучениот договор во 2013 година.

Од моето доаѓање на оваа функција, ја почнавме процедурата за ревизија на реконструкцијата и адаптацијата на управната зграда на АД МЕПСО.

Целта е да се заштити имотот и безбедноста на граѓаните, а АД МЕПСО да има функционална и безбедна административна зграда согласно сите стандарди.

Одговарајќи на новинарско прашање дали изведувачот е „Бетон“ Штип и како ќе постапуваат понатаму со оглед на тоа дека таа компанија е во стечај, Шуклева одговори потврдно, наведувајќи дека е активирана и наплатена банкарска гаранција, пред фирмата да влезе во стечај. Средствата, како што рече, ќе бидат искористени за довршување на ненаправените работи во зградата.

На новинарското прашање како ќе се санира штетата Шуклева одговори дека ќе се направат детални анализи и стручно мислење ќе се побара и од Градежниот факултет во Скопје по што ќе утврди какви мерки ќе се превземат.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.