Клиниката за торакална хирургија му додели благодарница на директорот Бурим Љатифи
Генералниот директор на АД МЕПСО, доц.д-р Бурим Љатифи, оствари посета на ЈЗУ Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија – Скопје, на која компанијата ѝ донираше три милиони денари за подобрување на условите за престој и лекување на пациентите. Финансиските средства се наменети за набавка на нови болнички кревети, со цел да се обезбедат подобри услови за пациентите и да се овозможи поквалитетна грижа за време на нивниот престој во болницата.
За време на посетата, раководството на Клиниката му додели благодарница на директорот Љатифи за финансиската поддршка и придонесот во подобрувањето на условите за пациентите. Со оваа донација, МЕПСО повторно ја потврдува важноста на поддршката на здравствените установи и вложувањето во благосостојбата на граѓаните, придонесувајќи за создавање посоодветни услови за лекување и здравствена заштита.







