• В.д. амбасадорката на САД во ТС Охрид: Енергетската поврзаност е клучна за сигурен и интегриран регион

В.д. амбасадорката на САД во ТС Охрид: Енергетската поврзаност е клучна за сигурен и интегриран регион

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Директорот на МЕПСО, доц.др. Бурим Љатифи, денеска во ТС Охрид ја пречека вршителката на должност, амбасадор на САД во С. Македонија, Никол Варнс, каде заедно со дел од менаџментот на компанијата ја запозна со динамиката на реализација на проектот за енергетско поврзување на Северна Македонија со Албанија.

Изградбата на ТС Охрид влегува во завршната фаза на реализација, додека изградбата на 400 kV далекувод Битола–Елбасан има конкретна динамика и напредок на терен. По повеќе од три децении планирање, поврзувањето со Албанија станува реалност и претставува значаен чекор кон посилна енергетска поврзаност и поголема сигурност на снабдувањето во регионот.

На средбата беше истакнато дека ова е само еден од чекорите кон целосно заокружување на регионалната поврзаност на Северна Македонија, со планирани нови интерконекции со Косово и Бугарија и надградба на постојната 400 kV интерконекција со Грција. Со овие проекти ќе се создадат услови за поголема прекугранична размена и полесна интеграција на нови производни капацитети, особено од обновливи извори.

„Ова е многу повеќе од далекувод и трафостаница. Тоа е мост на доверба меѓу две земји, но и мост кон енергетски поврзан Балкан. Колку повеќе сме поврзани, толку сме посигурни, а колку повеќе сме регионално интегрирани, толку сме поотпорни“, беше истакнато на средбата. Американската поддршка за регионалната енергетска поврзаност е важен придонес кон посилен, побезбеден и поинтегриран регион.

© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.