МЕПСО го прифаќа извештајот на ДЗР и веќе спроведува мерки за отстранување на затекнатите слабости од претходните раководства

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Новото раководство на АД МЕПСО го прифаќа извештајотна Државниот завод за ревизија и уште пред неговотообјавување работи на отстранување на забелешките и слабостите затекнати од претходните раководства.

За МЕПСО, ревизорскиот извештај претставува важенинституционален механизам за утврдување на реалнатасостојба и основа за понатамошно подобрување науправувањето со имотот, инвестициите, финансискитесредства и човечките ресурси.

Наодите во извештајот не се однесуваат само на состојбисоздадени во текот на 2024 година, туку опфаќаат процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што сеакумулирале во период од повеќе години, а во одреденислучаи и од основањето на АД МЕПСО во 2004 година.

Новото раководство нема намера да ги игнорира илирелативизира утврдените слабости. Напротив, обврската насекое одговорно раководство е да ги утврди наследенитепроблеми, да ги претвори ревизорските препораки воконкретни мерки и да обезбеди тие да не се повторуваат.

Регулирање на сопственоста и сметководственатаевиденција

Имотно-правните прашања поврзани со далноводите, трафостаниците и земјиштето во значителен делпотекнуваат од поделбата на поранешнотоЕлектростопанство на Македонија и распределбата наимотот меѓу новоформираните енергетски субјекти.

Станува збор за исклучително сложен процес, бидејќиелектропреносната инфраструктура се протега низ целатадржава, преку голем број приватни и државни парцели. Зарегулирање на правниот статус на секој далновод и секоестолбно место се потребни посебни постапки предАгенцијата за катастар на недвижности, локалнитесамоуправи и другите надлежни институции.

МЕПСО веќе презема активности за решавање на овиесостојби. Во септември 2025 година беше формирана новаработна група со ЕВН Македонија за регулирање насопственоста на трафостаниците. Договорено е процесот дасе одвива во две фази, преку меѓусебно регулирање насосопственичките права и преку утврдување на фактичкатасостојба кај објектите што сè уште не се целосно запишани.

Паралелно со имотно-правните постапки, во текот на 2025 година новото раководство активираше и сметководственоевидентираше завршени инвестиции во вредност од околу18 милиони евра, кои со децении не биле соодветноактивирани во деловните книги.

Со нивното евидентирање се обезбедува пореална слика завредноста на имотот на МЕПСО, а податоците стануваат делод основата што се користи при утврдувањето на тарифатаза пренос на електрична енергија. Постапката за проверка и активирање на останатите средства продолжува.

Инвестициските проекти се деблокираат

Ревизорскиот извештај укажува на доцнење, пролонгирањена роковите и зголемување на вредноста кај повеќеинвестициски проекти започнати во изминатите тринаесетгодини.

Договорите и анексите за проектитеРевитализација на 110 kV далекувод ТС Скопје 4 - ТС Велес“ иРеконструкција на110 kV далекувод ТС Битола 1 - ТС Прилепбиле склучениво периодот на претходните раководства.

По извршената анализа, сегашното раководство го раскинадоговорот за проектот Скопје - Велес, со цел да спречипродолжување на нефункционален договорен однос и дасоздаде услови проектот да продолжи на економски и технички одржлива основа.

Кај проектотИзградба на 110 kV далекувод ТС Валандово -ТС Милетково, кредитното задолжување било одобренопред промената на раководството. Новото раководствозатекна некомплетна урбанистичко-планска документација и повеќе административни пречки поради кои не можела дазапочне реализацијата.

Веднаш беа започнати активности за комплетирање надокументацијата и за придвижување на проектот. Постапката за набавка според правилата на Европскатабанка за обнова и развој е веќе објавена и се наоѓа вонапредна фаза.

Интерконекторот со Албанија продолжува со новизведувач

Еден од најзначајните проекти што новото раководство гизатекна во сериозен застој е изградбата на 400 kV интерконективен далекувод меѓу Северна Македонија и Албанија.

И покрај повеќегодишното траење на договорот, физичкатареализација на терен била исклучително ниска, додекаМЕПСО и државата имале финансиски обврски поврзани сообезбедените кредитни средства.

Поради долгиот застој, недоволниот напредок и неисполнувањето на договорните обврски, договорот сопретходниот изведувач беше раскинат. Во меѓувреме е склучен нов договор и проектот повторно е активиран, соконкретна динамика на реализација на терен.

МЕПСО останува целосно посветен на завршувањето наинтерконекторот со Албанија, кој е од стратешко значење заенергетската безбедност, регионалното поврзување и интеграцијата на домашниот електропреносен систем воевропската мрежа.

Поголема финансиска дисциплина

Новото раководство на АД МЕПСО затекна повеќеблокирани или забавени проекти, пред сè поради нерешениимотно-правни прашања, некомплетна документација и недоволна меѓуинституционална координација.

За надминување на овие состојби се воспоставуваат работнигрупи и координациски механизми со надлежнитеинституции, со цел побрзо обезбедување дозволи, документација и услови за реализација на инвестициите.

АД МЕПСО презеде мерки и за зголемување надисциплината на учесниците на пазарот на електричнаенергија. Зголемени се финансиските гаранции, скратени сероковите за пресметки и зајакнати се механизмите зауправување со дебалансите.

Со овие мерки се намалува ризикот од создавање новиненаплатливи побарувања и се обезбедува повисок степенна одговорност кај трговците со електрична енергија.

Вработувањата се спроведени пред актуелнотораководство

Во однос на утврдените неправилности кај дел однововработените лица, МЕПСО нагласува дека јавниотоглас бил објавен во 2023 година, а постапката билафинализирана пред изборите во 2024 година и предназначувањето на сегашното раководство.

Сепак, независно од тоа кога се спроведени постапките, новото раководство ќе ги разгледа ревизорските препораки и ќе работи на воспоставување појасни, проверливи и транспарентни критериуми при идните постапки завработување, унапредување и прераспределување.

Зајакнување на сајбер-безбедноста

Сајбер нападот врз МЕПСО се случил пред новотораководство да ја преземе функцијата и бил оперативнонадминат без да биде нарушен преносот на електричнаенергија.

Сепак, имајќи ги предвид сериозноста на современитесајбер-закани и стратешкото значење на електропреносниотсистем, во септември 2024 година, во соработка со ЕБРД, беше подготвена техничка спецификација за проект задополнително зајакнување на сајбер-безбедноста. Проектоте во постапка на обезбедување финансиска поддршка.Додатно, во оваа насока истакнуваме дека е пред завршување Disaster Recovery Location, проект со кој дополнителни инвестираме во зголемување на сајбер безбедноста.

МЕПСО ќе подготви акциски план за ревизорскитепрепораки

Новото раководство на МЕПСО ќе продолжи со деталнаанализа на секоја препорака од Државниот завод за ревизијаи ќе подготви акциски план со утврдени активности, надлежни организациски единици и рокови за реализација.

Особено внимание ќе биде посветено на: регулирањето насопственичките права врз електропреноснатаинфраструктура, усогласувањето на сметководствената и техничката евиденција, подобрувањето на постапките завработување и зајакнувањето на внатрешните контроли и сајбер-безбедноста.

АД МЕПСО ќе продолжи редовно и транспарентно да јаинформира јавноста за напредокот во спроведувањето намерките.

Основната дејност на компанијата , сигурниот и стабиленпренос на електрична енергија, се одвива непречено. Истовремено, приходите од основната дејност и одпрекуграничните преносни капацитети бележат раст, дебалансите покажуваат тренд на стабилизирање, а загубитево преносната мрежа се намалуваат.

МЕПСО нема да бега од затекнатите проблеми. Напротив, новото раководство ќе ги користи ревизорските наоди какооснова за системско расчистување на наследените состојби, подобрување на корпоративното управување и воспоставување повисоки стандарди на одговорност, ефикасност и транспарентност.

Целта е јасна: МЕПСО да биде стабилна, професионална и модерна компанија која одговорно управува со државниотимот, ги забрзува стратешките инвестиции и останувасигурен столб на македонскиот електроенергетски систем.


© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.