• Стратешките енергетски проекти во фокусот на состанокот со Мониторинг мисијата на Европската Комисија

Стратешките енергетски проекти во фокусот на состанокот со Мониторинг мисијата на Европската Комисија

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Генералниот директор доц. Д-р Бурим Љатифи заедно со високи владини претставници денеска учествуваше на состанок во рамки на Мониторинг мисијата на  Европската комисија и Инвестициската рамка за Западен балкан (WBIF), посветен на напредокот на стратешките инфраструктурни проекти во Р.С. Македонија. На состанокот присуствуваа претставници на Европската Комисија, Делегацијата на Европската Унија и претставници на меѓународни финансиски институции, при што беа разгледани тековните активности и предизвиците поврзани со реализација на проектите во енергетиката, транспортот и животната средина.

Љатифи на средбата истакна дека инвестициите во енергетската инфраструктура претставуваат предуслов за зајакнување на енергетската безбедност, за сигурноста на електроенергетскиот систем и интеграцијата на земјата во регионалниот и европскиот енергетски пазар.

МЕПСО останува посветен на реализација на стратешките проекти преку континуирана соработка со меѓународните партнери и надлежните институции, во насока на изградба на модерен, одржлив и целосно интегриран енергетски систем усогласен со европските стандарди.

© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.