• Ресорски состанок за енергетиката: МЕПСО со позитивен финансиски резултат и интензивна реализација на инфраструктурните проекти во првиот квартал годинава

Ресорски состанок за енергетиката: МЕПСО со позитивен финансиски резултат и интензивна реализација на инфраструктурните проекти во првиот квартал годинава

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок посветен на тековните активности и реализацијата на проектите во енергетскиот сектор, на кој учествуваа претставници од ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС и МЕМО.

На состанокот, генералниот директор Бурим Љатифи заедно со членовите на УО ги презентираа тековните активности, финансиските показатели и напредокот на инфраструктурните проекти од стратешко значење за електроенергетскиот систем на државата.

Беше истакнато дека МЕПСО оствари позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2026 година, со евидентирана добивка во работењето. Воедно, беа презентирани приходите и расходите за првиот квартал, како и активностите поврзани со прекуграничните аукции за преносни капацитети со Србија и Бугарија, кои од јануари 2026 година се спроведуваат преку JAO.

Во рамки на состанокот беше разгледан и напредокот на тековните инвестициски и инфраструктурни проекти на МЕПСО, меѓу кои интерконективниот проект Битола–Елбасан, проектот ТС Охрид, East-West Corridor, како и останатите проекти кои се дел од развојната програма на компанијата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска потенцираше дека стабилноста на енергетскиот систем, навремената реализација на проектите и исполнувањето на обврските од Реформската агенда остануваат клучни приоритети.

© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.