Стратешки насоки за иднината на европскиот електроенергетски систем

Стратешки насоки за иднината на европскиот електроенергетски систем

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

CEO Strategic Workshop на ENTSO - E

Генералниот директор на АД МЕПСО, доц.др. Бурим Латифи, во Брисел   учествуваше на CEO Strategic Workshop на ENTSO-E, каде заедно со извршните директори на европските оператори на преносни системи дискутираа за клучните предизвици во развојот на европскиот електроенергетски сектор во наредниот период, Во фокусот на дискусиите беа:

- позиционирањето на ENTSO-E во однос на EU Grids Package и законодавните процеси,  

- потребата од јасно дефинирана и фокусирана стратегија која ќе одговори на предизвиците поврзани со сигурноста на системот, достапноста и конкурентноста на електричната енергија како и процесот на декарбонизација.

- потребата од поефикасно и поагилно внатрешно управување, како предуслов за навремено носење одлуки и засилена улога на операторите на преносни системи во услови на забрзана енергетска транзиција.

Дискусиите дополнително беа збогатени со искуствата од британскиот модел на систем оператор, отворајќи прашања за идните организациски решенија во управувањето со енергетските системи.

Состанокот кој претставува продолжение на претходните стратешки дискусии, ја потврди определбата за пофокусирано делување, засилена координација и јасно позиционирање во пресрет на клучните европски енергетски политики.


© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.