• АД МЕПСО на Генералното собрание на ENTSO-E во Брисел

АД МЕПСО на Генералното собрание на ENTSO-E во Брисел

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Генералниот директор, проф. д-р Бурим Љатифи, присуствуваше на редовниот состанок на највисокото тело на Европската мрежа на преносни системи оператори за електрична енергија - ENTSO-E (Assembly Meeting)

на кој беа разгледани клучни прашања поврзани со развојот на европскиот електроенергетски систем.

Во фокусот на дискусиите беа:
• европскиот Grids Package и идната законодавна рамка,
• улогата на ENTSO-E во управувањето со внатрешниот пазар на електрична енергија,
• тековните активности и приоритети на организацијата.

Дополнително, беа разгледани извештаи за значајни системски настани и мерки за зајакнување на сигурноста на електроенергетскиот систем.

Учесниците на состанокот ја потврдија потребата од засилена регионална соработка, забрзување на инвестициите во преносната инфраструктура и унапредување на процесите за планирање и управување со мрежата на европско ниво. 

Со учеството на Генералното собрание, АД МЕПСО активно придонесува во креирањето на европските политики и обезбедува навремено усогласување со идните регулаторни и оперативни барања.


© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.