ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Согласно Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа објавени во Службен весник на Република Северна Македонија бр.9 од 20.01.2026 година Член 5, АД МЕПСО објавува Јавен повик за покажување на интерес за склучување на Рамковен договор за набавка на електрична енергија за покривање на загуби во електропреносната мрежа. 

Сите регистрирани учесници на пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија,  кои имаат интерес за склучување на Рамковен договор за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа,  да ја достават соодветната документација во просториите на АД  МЕПСО, согласно Член 6 од Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа кои се објавени на web-страната на АД МЕПСО.

Сите Понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите и кои ќе склучат Рамковен договор се стекнуваат со право на учество во следната набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа и до нив ќе биде доставено Индивидуално барање за доставување на понуди (ИБДП).


© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.