• Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем
  • Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем

Научени лекции и визија за иднината на електропреносниот систем

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Во време кога енергетската стабилност станува сè поважен фактор за економскиот и технолошкиот развој на секоја држава, прашањето за отпорноста на електроенергетските системи добива посебно значење. Токму во тој контекст, на панел дискусијата “ Енергетска поврзаност, отпорност и безбедност“, зборуваше генералниот директор на АД МЕПСО, проф. др Бурим Љатифи на 14-от Глобален Форум за одржлива енергија ( IFESD-14). Тој се осврна на предизвиците со кои се соочува електропреносниот систем и на научените лекции што произлегуваат од досегашното искуство. Отпорноста, флексибилноста и координацијата се темелни принципи за сигурно и доверливо функционирање на електроенергетскиот систем, истакна тој.

Целта не е само да се анализираат предизвиците, туку да се извлечат конкретни поуки кои ќе ја направат преносната мрежа посилна и поотпорна на идни ризици. Соочувањето со високи напони и променливи оптоварувања бара превентивни мерки на краток рок и имплементација на робусни долгорочни решенија. МЕПСО веќе започна активности за оптимизација на напонскиот профил, вклучително и тестирање на т.н  „Q-at-night “ режим на фотоволтаичните инвертори, со цел апсорпција на прекумерната реактивна енергија во текот на ноќта. На прв поглед може да изгледа како локален проблем но сепак, кога ефектите врз сите трафостаници се агрегирани, влијанието може да се покаже како значајно”, подвлече Љатифи.

Овие активности се дел од поширока стратегија на компанијата, која вклучува инсталација на нов шант реактор, модернизација на SCADA системот, како и интеграција на европските платформи за балансирање (PICASSO и MARI) со што преносниот систем се подготвува за иднината во која обновливите извори ќе доминираат, а флексибилноста и дигитализацијата ќе бидат клучни фактори за сигурност.

Мрежата ќе биде систем од системи“, рече Љатифи, “што значи дека нема да работи изолирано, туку како меѓусебно поврзана мрежа што вклучува производство, пренос, дистрибуција и складирање на електрична енергија, па дури и други сектори како транспорт, греење, индустрија и водород. Накратко, мрежата еволуира во сложен, координиран екосистем од меѓузависни системи. Визијата на МЕПСО е јасна, развој на интелигентна, меѓусекторски интегрирана и климатски неутрална инфраструктура, подготвена за новата ера на електрификација”.

На Форумот за енергија за одржлив развој, насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ќе дебатираат 150 експерти  на 35 панелски сесии, a целта е да се премине од глобални цели кон конкретни акции, со јасни чекори за диверзификација на изворите, забрзување на обновливите инвестиции и развој на регионална соработка за енергетска стабилност.

Енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст да се променат навиките, бара визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзи резултати, туку создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации. Зависноста од еден снабдувач е минато, иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи, сигурни решенија, порача министерката за енергетика Сања Божиновска.

Од Скопје денес испраќаме порака дека одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации. Енергетиката е срцето на економијата. И ако тоа срце чука рамномерно, целиот систем живее. Секоја инвестиција во чиста енергија е инвестиција во живот, здравје, стабилност и напредок. Нашата цел е да ја создадеме економијата на иднината – интелигентна, дигитална, зелена и отпорна – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Во рамки на форумот, ќе биде потпишана „Скопје декларација“, како траен запис за заложбите на земјите учеснички кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина.  Форумот е во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со УНДП и регионалните комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA и ESCWS). Најавени се над 600 учесници од 70 држави, владини и претставници на меѓународни организации, банки, академската заедница, приватниот сектор и на граѓански организации.


© 2025 МЕПСО. Сите права се задржани.