АД МЕПСО, Француската агенција за развој (AFD) и RTE International, денеска потпишаа договор за грант, со кој се обезбедува насочена техничка помош за модернизација и дигитализација на преносната мрежа во Северна Македонија, како суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на системот како и подготвеност на мрежата за зголемено учество на обновливите извори и интеграција на регионално ниво.
Истакнувајќи го посветеното ангажирање на компанијата кон техничка извонредност и дисциплина во реализацијата, генералниот директор доц.д-р Бурим Љатифи рече:
„Со потпишувањето на овој договор ги зајакнуваме нашите стратешки партнерства и го градиме техничкиот капацитет потребен за современа преносна мрежа. Пилот-проектот за дигитализација, фокусиран на развој на целосно дигитална трафостаница со напредни системи за заштита, управување и надзор, претставува конкретен чекор кон трансформација на МЕПСО во попаметен, поефикасен и ориентиран кон иднината оператор на преносниот систем“.
Според извршната директорка на RTE International проектот значително ќе придонесе за јакнење на енергската ебзбедност, конкурентност и подготвеност на земјата за енергетска транзиција.
Договорот обединува напредно моделирање на електроенергетскиот систем, иновативно предвидување на резервите со користење на вештачка интелигенција и пилот-проект за дигитализација на трафостаница од 110 kV, одлучувачки чекор кон поотпорна, потранспарентна и поконкурентна електроенергетска мрежа, “ рече таа.
Потенцирајки ја посветеноста на агенцијата во поддршка на македонските партнери, Франсоа Винс од AFD за Западен Балкан најави отворање на локална канцеларија во Скопје.
Проектот е фокусиран на четири области, изработка на студии за адекватност на системот со користење на пазарниот симулатор ANTARES, димензионирање на системските резерви,воспоставување методологија за пресметка на преносни загуби и изработка на студија за изводливост,како и подготовка на концептуален дизајн за дигитализација на трафостаница.




