Почитувани,
МЕПСО започнува постапка за изработка на нова студија Поддршка за планирање и развој на инфраструктура за паметни електроенергетски мрежи со цел забрзано и сигурно интегрирање на обновливи извори на енергија .
Според Мрежни правила за пренос на електрична енергија, во делот кој се однесува на Усогласување на развојните подлоги и планови со корисниците на електропреносниот систем (член 17), МЕПСО е задолжен на својата веб страница да ги објави подлогите и плановите релевантни за развој на електропреносниот систем:
Подлогите за планирање на развојот на преносната мрежа може да ги преземете од следниот линк .
Ги повикуваме сите корисници, органите на државната и локалната самоуправа, како и странките заинтересирани да се приклучат на електропреносната мрежа да поднесат предлози и коментари на објавените податоци до МЕПСО (mastregridplan[at]mepso.com.mk) до 15.10.2025 година

