• Претставници од Амбасадата на САД во работна посета на ТС Охрид

Претставници од Амбасадата на САД во работна посета на ТС Охрид

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Економскиот советник од Амбасадата на САД во С.Македонија,  Барнабас Биркеланд заедно со генералниот директор на АД МЕПСО, доц.др. Бурим Љатифи, беа во работна посета на градилиштето  на новата 400/110 kV трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид).

Посетата е дел од заложбите за следење на напредокот на првата директна 400 kV интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија, што претставува значаен чекор за развој и унапредување на регионалната соработка, поврзување на пазарите, зголемена стабилност на мрежата и сигурно и безбедно снабдување со електрична енерија.

Проектот влезе во значително интензивирана фаза на реализација, со зголемен обем на градежни активности што се изведуваат на терен од 80.000 м². Во тек се монтажни работи во 400 kV постројка, изградба на командната зграда, магацин и објекти за влезно-излезни водови. 

Во наредниот период, динамиката на реализација ќе треба да се усогласи со почетокот на работите на 400 kV далекувод Битола – албанска граница, кој претставува втората компонента на интерконекцијата. 

Со изградба на ТС Охрид, Северна Македонија го зајакнува своето место во регионалниот електроенергетски систем, обезбедувајќи поголема стабилност, сигурност и услови за приклучување на нови производствени капацитети од обновливи извори. Трафостаницата ќе овозможи 400 kV приклучок и три излези на 110 kV кон Охрид, Струга и Ресен – што ја прави клучен елемент за напојување на домажинствата и стопанството во западниот дел од земјата.

© 2026 МЕПСО. Сите права се задржани.