• Ревитализација и замена на високонапонска опрема во ТС Скопје 2

Ревитализација и замена на високонапонска опрема во ТС Скопје 2

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 
Во рамки на пошироката стратегија за модернизација на електроенергетската мрежа, во тек е реализацијата на проектот за ревитализација и замена на високонапонска опрема во трансформаторската станица Скопје 2. Овој проект има за цел зголемување на сигурноста, ефикасноста и доверливоста на системот, особено имајќи предвид дека станува збор за трансформаторска станица која повеќе од 25 години не била подложена на значајна техничка реконструкција.

Проектот опфаќа замена на вкупно пет високонапонски прекинувачи, кои се клучна компонента во заштитата и управувањето со електричната енергија. Денес се изведуваат активности за замена на третиот по ред прекинувач, поставен на трансформаторот 1. Работните активности што ги спроведуваат вработените во подружницата ОПМ, се одвиваат според утврдената динамика и план, со почитување на сите технички и безбедносни стандарди.

ТС Скопје 2 има особено важна улога во енергетската и стопанска инфраструктура на градот, бидејќи претставува точка каде се спојуваат 110 кV далекувод од и кон  ТС Скопје 4  во н.Пинтија и 110 кV далекувод кон АД Цементарница Усје. Замената на опремата во оваа трансформаторска станица директно придонесува за поголема стабилност и сигурност во напојувањето со електрична енергија на поширокото скопско подрачје.

Овие зафати се дел од континуираните напори за модернизација на преносната мрежа во насока на поефикасно управување со потрошувачката на електрична енергија, подобра интеграција на обновливи извори на енергија и зголемена отпорност на системот кон можни дефекти и прекини.

Реализацијата на проектот се прави со сопствени средства на АД МЕПСО.

© 2025 МЕПСО. Сите права се задржани.