• МЕПСО и КОСТТ потпишаа меморандум за соработка за изградба на нова интерконекција Тетово-Призрен
  • МЕПСО и КОСТТ потпишаа меморандум за соработка за изградба на нова интерконекција Тетово-Призрен
  • МЕПСО и КОСТТ потпишаа меморандум за соработка за изградба на нова интерконекција Тетово-Призрен
  • МЕПСО и КОСТТ потпишаа меморандум за соработка за изградба на нова интерконекција Тетово-Призрен
  • МЕПСО и КОСТТ потпишаа меморандум за соработка за изградба на нова интерконекција Тетово-Призрен

МЕПСО и КОСТТ потпишаа меморандум за соработка за изградба на нова интерконекција Тетово-Призрен

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Во Скопје денеска, првите луѓе на електропреносните оператори на С.Македонија и на Косово, доц.д-р Бурим Љатифи од АД МЕПСО и Шабан Незири од КОСТТ, потпишаа меморандум за соработка за зајакнување на прекуграничната соработка и развој на електропреносната мрежа.

Особен акцент Меморандумот става на стратешкиот проект за изградба на нов 400 kV интерконективен далекувод од Тетово до Призрен кој е во согласност со целите на ЕУ за енергетска транзиција до 2050 година и е номиниран како кандидат за зголемување на преносните капацитети преку европската планирачка платформа на ENTSO-E.

Во моментов, Северна Македонија и Косово имаат само една интерконекција, но според анализите на ENTSO-E, во регионот на Југоисточна Европа, потребно е значително зголемување на преносните капацитети, барем двојно, а во некои случаи и повеќе.

Проектот вклучува и дополнителни инвестиции во домашната преносна мрежа, како изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Тетово и нови 400 kV далекуводи од Тетово кон Охрид и кон Скопје.

“Потпишувањето на меморандумот е значаен чекор во зајакнување на нашата регионална соработка и развој на електропреносната мрежа. Проектот за 400 kV далекувод Тетово- Призрен не само што ќе го зголему капацитетот и сигурноста на системот, туку ќе овозможи и поголема размена на електрична енергија, поттикнувајќи нови инвестиции во ОИЕ”, рече Љатифи.

Во однос на придобивките, и Љатифи и Незири се согласија дека проектот за двете држави и регионот ќе креира регионална преносна инфраструктура со повисок капацитет, поголема прекугранична размена на електрична енергија, зајакнување на енергетскиот коридор Исток-Запад, подобрена сигурност и флексибилност на системот и поттик за нови инвестиции во ОИЕ.

“ Овој меморандум ја потврдува соработката меѓу Косово и Северна Македонија и нашата заедничка посветеност кон создавање модерна и сигурна енергетска инфраструктура. Со овој проект ја јакнеме енергетската поврзаност во регионот и придонесуваме кон постигнување на енергетските цели на Западен Балкан, “додаде Незири.

Во моментов проектот е во фаза на планирање и техничка подготовка, а почеток на изградбата ќе зависи од обезбедување на финансиски средства и од потребните усогласувања со сите засегнати страни.


© 2025 МЕПСО. Сите права се задржани.