• МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан
  • МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан

МЕФ 2025- Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан

Рејтинг на корисник: 2 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Зелената енергетската транзиција и инвестициите во инфраструктурата  не се веќе само опција, тие се инвестиција во иднината на земјата, во енергетската независност, одржливоста и конкурентноста, порача генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи на осмиот по ред Mакедонски Eнергетски Форум- МЕФ 2025. Знаејќи дека производството на обновлива енергија е често променливо и непредвидливо, овој процес е особено предизвикувачки рече тој, и за да се управува со ваквите ефекти, на системот му е потребна стабилност, флексибилност и интензивни инвестиции.

Досега Друштвото има регистрирано повеќе од 80 апликации за поврзување на ОИЕ на преносната мрежа, со вкупно 9.000 MW нов капацитет. На краток рок, се проценува дека нашиот систем може да интегрира до 1.500 MW ОИЕ. Флексибилноста е обезбедена преку 200 MW системски резерви за соодветно балансирање. Генерално преносната мрежа е тополошки добро развиена, но сепак во регионите во кои се концентрирани потенцијалните обновливи извори, локалната преносна мрежа нема доволен капацитет, рече Љатифи на панелот:  на кој се говореше за финансирање на енергетската амбиција.

Преку внимателно и стратегиски прецизно планирање, МЕПСО успешно управува со два од најкритичните процеси за енергетската иднина на земјата- обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем и динамична интеграција на ОИЕ. 

Овие паралелни процеси се сложени и бараат висок степен на координираност, техничка експертиза и визионерско лидерство. За постигнување на овие цели, неопходни се: долгорочни и стабилни финансиски механизми, технолошка трансформација на инфраструктурата и интензивна регионална соработка. Кредитите, грантовите и техничката помош се влечна сила на процесот на интегрирање на обновливите извори и регионалната енергетска безбедност. А во таа насока, нашите цели се конкретни, модернизација и дигитализација на мрежата, зголемување на капацитетот за прекугранично поврзување, интеграција на пазарот на електрична енергија и технолошка и институционална подготвеност за прифаќање на поголем обем на обновливи извори на енергија.Ова не е само техничка мисија, рече тој, туку стратегиска обврска кон иднината на земјата и регионот, рече тој на маргините на енергетскиот форум МЕФ 2025.

МЕФ 2025 на едно место ги обединува владините институции, домашни и странски експерти од енергетиката, индустријата, граѓанскиот сектор и меѓународните организации – со заедничка цел: да се дефинира одржлива, праведна и еколошки одговорна патека за енергетски развој на Западен Балкан.


© 2025 МЕПСО. Сите права се задржани.